Дома Фудбал Италија Де Лаурентис: Одбивме понуда од 105 милиони евра!

Де Лаурентис: Одбивме понуда од 105 милиони евра!

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис за италијанските медиуми уште еднаш изјави дека одбил понуда за Калид Кулибали.

Овој стопер веќе подолго време е на мета на неколку големи европски клубови, а Де Лаурентис потврди дека неодамна одбил понуда од 105 милиони евра за неговите услуги.

Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓


Доколку оваа понуда била прифатена, 27 годишниот Сенегалец би станал најскапо платениот дефанзивец во историјата на фудбалот. Во овој момент рекордерот е Вирџил Ван Дијк кој за 78 милиони евра направи трансфер во Ливерпул.

„Ние сме клуб кој може да развива млади играчи и да ги задржува на подолг период. Одбивме 105 милиони евра за Кулибали, а тоа е понуда која никогаш претходно не била понудена за некој стопер. Тоа е јасен знак дека имаме голем играч“, изјави Де Лаурентис.

Де Лаурентис не откри за кој клуб станува збор, но медиумите се убедени дека станува збор за Манчестер Јунајтед.

https://www.youtube.com/watch?v=mBU49pNzWTg

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Алиоски со супер гол донесе голем бод против Белгија

Македонската репрезентација одигра одличен меч против Белгија и одигра 1:1 на Арената во С…