Дома Фудбал Италија Де Лаурентис: Да, Спалети заминува

Де Лаурентис: Да, Спалети заминува

Лучијано Спалети заминува од Наполи, ова го потврди и првиот човек на клубот Аурелио Де Лаурентис.

Успеа Спалети по 33 години да донесе Скудето под Везув, но сепак на крајот Елиф Елмас и Наполи ќе добијат нов тренер. Според изјавата на Де Лаурентис, Спалети сакал да се одмори.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


„Спалети ми кажа дека би сакал да се одмори една година. Можам ли да му кажам не? Лично на мене и целиот Наполи ни даде многу и од срце сум му благодарен. Дојде кај мене и ми кажа дека дал се од себе и сега кругот е затворен. Што би можел јас да кажам на тоа“, изјави Де Лаурентис.

Во јавноста претходно се шпекулираше дека Де Лаурентис заминува поради несогласувања околу трансфер политиката на клубот за преодниот рок кој следи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

ВИДЕО Педри, Јамал, Черки – Голови кои ги нарекоа „неверојатен“, „невиден“ и „најдобар“

Шпанија успеа да ја совлада Франција во полуфиналето на Лигата на нации со резултат 5:4 во…