Ѕвездата на Манчестер Сити, Кевин Де Брујн го пофали Ерлинг Халанд со кој наредната сезона ќе ја дели соблекувалната.
Минатиот месец на „Етихад“ ја активираа клазулата за ослободување на Халанд во договорот, па успеаа да стигнат до потписот на еден од најдобрите напаѓачи на денешницата.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Кевин Де Брујн смета дека Халанд уште во првата сезона ќе ја покаже својата голгетерска класа.
„Ерлинг Халанд е одличен напаѓч. Неговото доаѓање би требало да ни биде од помош да растеме како тим. Сите очекуваат многу, секогаш се бара најдобрата „деветка“, но мислам дека уште во првата сезона може да постигне 20-25 голови во првенството“.
Белгиецот исто така смета и дека 21-годишниот напаѓач ќе му помогне да го зголеми бројот на асистенциите.