Милан и Манчестер Јунајтед започнале преговори за трансфер на дефанзивецот Ерик Баи, пренесуваат италијанските медиуми.
27-годишниот фудбалер не е прв избор кај Рангник и сака да ја промени средината во потрага по поголема минутажа.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Најсилен интерес за дефанзивецот покажува Милан, а „Скај Италија“ пренесува дека Баи веќе се договорил со „росонерите“.
Јунајтед е спремен да го пушти, но за неговата слобода бара 15 милиони евра, бидејќи дефанзивецот има договор со „црвените ѓаволи“ до 2024 година.
Милан започнал преговори и се надева дека ќе успее да го донесе на позајмица со право на откуп на крајот на сезоната.