Дома Фудбал Италија „Детето на Јувентус“ утре ќе објави – пензионирање!

„Детето на Јувентус“ утре ќе објави – пензионирање!

Клаудио Маркизио кој некогаш важеше за голем потенцијал на Јувентус утре ќе одржи прес-конференција во просториите на неговиот клуб.

Сега италијанските медиуми откриваат што Маркизио ќе соопшти на таа конференција.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Маркизио од кога го напушти Зенит е слободен фудбалер се поврзуваше со неколку клубови, но не пронајде ангажман и сега медиумите најавуваат дека Маркизио утре ќе објави дека се пензионира од професионалното играње фудбал.

Во својата кариера за Јувентус Маркизио одигра 389 натпревари, а во летото 2018 година го напушти клубот во договор со ракодовдството. Дресот на репрезентацијата на Италија го носеше 55 пати и пет пати се запиша во листата на стрелци.

Во Русија во Зенит помина само една сезона во која поради повредите настапи на девет натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Голеада во Штутгарт: Шпанија ја победи Франција за финале на ЛН

Актуелниот европски шампион Шпанија, со победа во луда игра над Франција (5:4), се пласира…