Дома Фудбал Италија Дерби на денот: Битката за Милано, во центарот на вниманието Аргентинците

Дерби на денот: Битката за Милано, во центарот на вниманието Аргентинците

Во големото дерби на италијанската лига Интер ќе го пречека Милан и ќе се обиде да стигне до седмата победа во низа.

Тимот на Лучијано Спалети во овој натпревар влегува како фаворит после шест победи во низа во сите натпреварувања, додека Милан е во серија од осум натпревари без пораз, со три нерешени средби.

Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


„Дерби дела Мадонина“ како што се нарекува судирот на овие два тима е едно од најголемите дерби во светот и ќе биде одиграно по 168-ми пат.

Најавите се дека не чека одличен натпревар во кој би можеле да видиме и повеќе погодоци.

Нападите на миланските гиганти ќе ги предводат Аргентинеци, на една страна капитенот на Интер, Мауро Икарди, а на другата засилувањето на Милан, Гонзало Игуаин.

Во екипта на Интер под знак прашалник за настап се Шиме Вршаљко, Марсело Брозовиќ и Дани Д’ Aмбросио. Од друга страна црвено-црните не можат да сметаат на стоперот Матија Калдара и бекот Иван Стриниќ.

Интер во овој момент се наоѓа на третата позиција во Серија А со 16 освоени бодови од осум натпревари, додека Милан е десетти со 12 бодови и натпревар помалку.

Oва се и составите со кои се очекуваат да настапат Спалети и Гатузо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Тен Хаг го менува Алонсо во Леверкузен

Холандскиот стратег Ерик тен Хаг си најде нова работа. Како што објави Фабрицио Романо, то…