Милан е заинтересиран за напаѓачот на Барселона и холандски репрезентативец, Мемфис Депај, пренесуваат италијанските медиуми.




Депај минатото лето се пресели на „Камп Ноу“ како слободен играч и одлично се вклопи во тимот. Депај одлично ја отвори сезоната, но Чави не му дава голема минутажа бидејќи не се вклопува во неговиот стил на игра.




До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Каталонскиот клуб има големи финансиски проблеми и не ја исклучува можноста да го продаде Холанѓанецот, особено поради фактот што го донесе без обештетување.




Наводно Барселона за неговата слобода бара 25 милиони евра, а Милан е спремен да ја плати таа сума.
„Росонерите“ се во потрага по напаѓач кој ќе може да го наследи Ибрахимовиќ и веруваат дека Депај ќе биде одлично засилување.