Дома Фудбал Лига на шампиони Денот кога Шева го реши италијанското финале: Тие секунди никогаш нема да ги заборавам (ВИДЕО)

Денот кога Шева го реши италијанското финале: Тие секунди никогаш нема да ги заборавам (ВИДЕО)

Toчно на денешен ден пред 17 години Милан го победи Јувентус на „Олд Трафорд“ и ја освои титулата во Лигата на шампионите.

Херој на Милан во пенал-рулетот беше Андреј Шевченко. По 120 минути резултатот беше 0:0, па победникот се решаваше со изведување на удари од белата точка.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Украинецот беше стрелец на победничкиот гол, а сега се потсети на таа вечер и ги раскажа емоциите.

„Тие 12-15 секунди нема никогаш да ги забравам. Во тие моменти размислував за целиот живот. Од денот кога имав сон како дете, до моментот кога тој сон почна да се остварува“, раскажа популарниот Шева.

Треба да се спомене и дека тоа беше првпат два тима од Италија да играат во едно финале.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Челзи го наградува Палмер со нов договор

Младиот Кол Палмер блеска оваа сезона во дресот на Челзи и се етаблираше во еден од најдоб…