Tретолигашот Усти на Лаба заработил дополнителни 20.000 евра на необичен начин кој покажува во каков бизнис е претворен фудбалот денес.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Имено, овој клуб го регистрирал 22-годипниот Мартин Подхајски кој претходно никогаш во животот не играл фудбал. Место во тимот добил така што неговиот богат татко платил 20.000 евра.
Првиот човек на клубот не го криеше начинот на кој неговиот тим заработил.
„Никогаш не играл фудбал, само на видео-игри. Нас ни се отвори можност да заработиме 20.000 евра и ако некој повторно ми понуди толку пари повторно ќе прифатам“, изјави претседателот на клубот.