Дома Трансфер зона Денес се „решава“ иднината на Меси: Сити чека со астрономска понуда

Денес се „решава“ иднината на Меси: Сити чека со астрономска понуда

Денес е еден од клучните денови во решавањето на иднината на Лионел Меси.

Таткото на Лео, Жорге денес ќе одржи состанок со првиот човек на клубот Хозе Марија Бартомеу и ќе се обиде својот син да го ослободи обврските кон Барселона.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Од друга страна претседателот на каталонскиот гигант смета дека Меси мора да го испочитува договорот и дека тој е автоматски продолжен до летото 2021. Затоа денешниот состанок ќе биде многу важен. Се очекува да биде решен барем дел од иднината на Меси.

Во медиумите веќе се шпекулира за (не)реалните бројки кој Сити наводно му ги нуди на Аргентинецот. Според информациите Сити на Меси му нуди соработка вредна 700 милиони евра во наредните пет години. Наводно, првите три години Меси би бил играч на Сити, а потоа би бил префрлен во братскиот клуб на „граѓаните“ Њујорк Сити од МЛС.  Покрај големата плата во договорот би биле вклучени и одредени бонуси.

Како и да е очекуваме подетални информации во текот на денот и по најавениот состанок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул спреми богата понуда за Пулишиќ

Ливерпул е силно заинтересиран за ѕвездата на Милан и американски репрезентативец Кристиан…