Дома Фудбал Денеска започнува Лигата на шампионите. Еве како ќе изгледа и кои натпревари се на распоредот

Денеска започнува Лигата на шампионите. Еве како ќе изгледа и кои натпревари се на распоредот

Денес стартува новото издание на Лигата на шампионите. Заедно со бранителот на титулата Реал Мадрид, уште 35 клубови ќе се борат за најпрестижниот клупски трофеј во фудбалот.

Во многу аспекти, Лигата на шампионите оваа сезона ќе се разликува во однос на претходните изданија.


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Имаме уште поголем број на клубови учесници, никогаш подарежливи наградни фондови на УЕФА и сосема нов формат на натпреварување, во кое, како увертира во првата фаза, веќе нема осум групи со по четири клуба.

Од оваа сезона Лигата на шампионите (и сите други натпреварувања на УЕФА) се игра по нов, проширен формат. Сите 36 клуба ќе бидат во иста лига, а секој клуб ќе одигра по осум натпревари, сите осум против различни противници.

Ќе одиграат четири натпревари дома и четири на гости. Осумте најдобри клубови одат во осминафиналето, екипите од 9 до 24 место играат за осминафинале, а останатите се елиминирани од Европа и не одат во Лига Европа.

Првото коло во Лигата на шампионите ќе се игра од вторник до четврток, а останатите седум, како и досега, во вторник и среда. Првото коло се игра од 17 до 19 септември, а последното е закажано за 29 јануари. Нокаут фазата започнува на 11 февруари, а финалето ќе се игра на 31 мај на „Алијанц Арена“.

Денеска се играат шест натпревари, а дербито е на Сан Сиро помеѓу Милан и Ливерпул.

Standings provided by Sofascore
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал го сака дефанзивецот на Челзи

Реал Мадрид е силно заинтересиран во своите редови да го доведе дефанзивецот на Челзи, Рис…