Дома Топ вести Дембеле се опоравува побрзо од предвиденото! (фото)

Дембеле се опоравува побрзо од предвиденото! (фото)

Најскапата аквизиција во историјата на Барселона, Осман Дембеле може да се врати на терените пред крајот на календарската година, пренесуваат шпанските медиуми.

Оваа информација ја потврди докторот Сакари Орава кој го оперираше францискиот репрезентативец. Тој откри дека е многу веројатно Дембеле да биде спремен за „Ел Класико“ против Реал Мадрид кое на програмата е на 23-ти декември.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Рехабилитицијата тече побрзо од очекуваното. Играчот работи напорно за да се врати пред крајот на годината. Можно е да се врати за дербито со Реал Мадрид, но не можам ништо да потврдам со сигурност“, изјави докторот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ибрахимовиќ на Милан му носи спектакуларно засилување од Барселона!

Милан оваа сезона игра во одлична форма и се наоѓа на самиот врв на Серија А, а доаѓањето …