Почести стануваат во јавноста проблемите наводни cилyвања од страна на фудбалерите, а најновото обвинение е поднесено кон фудбалерот на ПСЖ Ашраф Хакими.
Во истиот ден (вчера) кога Хакими се најде во идеалниот тим на ФИФА, се појави и исказ на девојка која тврди дека фудбалерот ја cилyвал во неговиот дом. Девојката дала изказ во полицисската станица во Булоњ, но не поднела тужба. Сепак, обвинителството по службена должност отвори истрага.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според исказот на девојката настанот се случил во домот на фудбалерот додека неговата сопруга и деца биле во Дубаи. Хакими ја повикал во неговиот дом и платил Убер такси со која девојката пристигнала.
Инаку со вакви проблеми во претходниот се соочуваа, Дани Алвеш кој се уште е во притвор во Шпанија, Мејсон Гринвуд кој беше ослободен од обвинувањата, како и Бенџамин Менди кој исто така доби ослободителна пресуда во повеќе случаи во кои беше обвинет.