Дома Фудбал Англија Две од две за Арсенал во новата сезона

Две од две за Арсенал во новата сезона

Второто коло во Премиер лигата беше отворено со дуелот помеѓу Арсенал и Барнли на Емирати. Арсенал беше поуспешен и славеше со резултат 2:1.

Првата голема шанса беше видена во 12. минута пред голот на Барнли. Лаказет се обиде со глава, но голманот на Барнли беше на висина на задачата.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Сепак, не се чекаше долго за гол на Арсенал. Себаљос во 13. минута центрираше од корнер, а Лаказет одлично се снајде на мал простор и успеа да го пронајде патот до мрежата на голот на Барнли.

Арсенал беше поконкретен и после погодокот, но Барнли успешно се бранеше. Гостите еден свој опасен напат успеаа да го крунисаат со гол во финишот на првиот дел.

Се играше 43. минута кога Ешли Барнес погоди за 1:1.

Мрежата на голот на Барнли се затресе во судиското продолжение на првиот дел, но голот беше поништен поради офсајд.

Арсенал беше подобар тим и во вториот дел, напаѓаше, а до гол за 2:1 дојде во 64. минута. Себаљос ја додаде топката до Обамејанг, а Габонецот со прекрасен удар го совлада гостинскиот голман.

До крајот имаше уште неколку возбудувања, Тореира имаше одлична шанса во 90. минута, но на крајот остана 2:1. Така, Топџиите стигнаа до втората победа во новата сезона во ПЛ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Мурињо на чекор од враќање во Премиер лигата!

Жозе Мурињо неодамна го напушти Фенербахче, по една година во клубот. И во оваа сезона, пр…