Тимот на Ливерпул оваа сезона изгледа навистина незапирливо, па вечерва уште еднаш демонтрираше сила над првиот пратител над табелата, тимот на Лестер.
„Црвените“ одиграа уште една маестрална партија и со високи 4:0 го победија Лестер на „Кинг Пауер“, па испратија уште една порака дека ова е генерацијата која навивачите ја чекаа цели 30 години.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Лестер добро го отвори мечот, почна самоуверено и нападна од самиот старт, а тоа создаде простор за убиствените контри на Ливерпул. Првата голема шанса ја имаше Салах кој го помина и голманот, но не ја смести топката во голот.
Веќе во 31-та минута Александер Арнолд испрати фантастична топка до Фирмињо, кој погоди за водство од 1:0, резултат со кој се замина на полувреме.
Во вториот дел Ливерпул комплетно домонираше, па во период од 71-та до 78-та минута го реши мечот со уште три гола. Најпрвин Милнер од пенал, потоа Фирмињо и на крајот Александер Арнолд со гол ја круниса маестралната партија.