Македонија денес во 18:15 на Европското првенство во Хрватска го игра натпреварот против Данска кој нема кој знае какво резултатско значење.
За овој натпревар Раул Гонзалес на трибините го остави нашиот капитен Кире Лазаров.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Натпреварот започна изедначено гол за гол, а Данците во 15 минута од средбата успеаа да стигнат до два гола разлика 7:9, а поголемо водство на противникот во овие моменти спречи Митрески кој запиша една навистина одлична интервенција. Во следниот наш напад Филип Талески намали на 8:9, а неколку моменти подоцна нашиот голман Никола Митрески по една одбрана успеа и да се запише во листата на стрелци за 9:9.
Во финишот од полувреме, Никола Митрески имаше две одлични интервенции, но тоа нашите ракометари не го искористија и на пауза се замина со нерешен резултат 12:12.
Вториот дел не започна добро за нас. Одличен на голот на Данска беше вториот голман на оваа репрезентација, Јаник Грин, а неефикасноста во нападот беше најголемата причина што Данска ја зголемуваше предноста на 20 минути до крајот од средбата имаше и предност од пет голови разлика 15:20.
Како што одминуваше времето Данците продолжуваа да ја зголемуваат предноста, најголем проблем во нашиот тим беше лошата игра во нападот каде што бевме без идеја и тешко доаѓавме до позиција за гол. Па поради тоа во последните 10 минути од натпреварот влеговме со девет голови негатива 17:26.
На крајот Данска славеше со убедливи 20:31.
Најефикасен во нашите редови беше Филип Кузмановски со шест постигнати погодоци, додека Дамград во редовите на Данците нашата мрежа ја погоди десет пати.