Дома Трансфер зона Дани Олмо нов фудбалер на Барселона!

Дани Олмо нов фудбалер на Барселона!

Барселона и официјално го потврди трансферот на Дани Олмо кој пристигнува од Лајпциг во трансфер вреден 55 милиони евра.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Олмо од Лајпциг се прости со емотивна порака.

„Млад клуб, млад играч…Пораснавме заедно, ги освојувавме првите трофеи и заедно испишавме историја. Два Купа и Суперкуп, имавме некои незаборавни моменти кои секогаш ќе останат дел од мене. Му благодарам на Лајпциг“, објави Олмо.

Набрзо потоа беше и официјално потврден неговиот трансфер во каталонскиот гигант каде што се враќа по 10 години и очекувањата од него се големи.

Договорот кој го потпиша со Барселона е со важност од шест години до 2030 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…