Во екот на шпекулациите за неговата професионална иднина, бразилскиот фудбалер Дани Алвеш, на приватна церемонија, се венча со неговата избраничка Џоана Санз.
Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓
Алвеш неодамна го напушти Јувентус и сега е слободен играч, а медиумите пишуваат дека е пред потпис со ПСЖ, иако беше многу блиску до договор со Манчестер Сити.
Покрај смената на клубот, Алвеш се одлучи на уште една промена во својот живот, овој пат од приватен карактер, и се венча со партнерката Џоана Санз, која е шпански модел, а приватната церемонија ја направија на Ибица.
После венчавката Џоана на социјалните мрежи потврди дека се омажи за Алвеш, а подоцна беа објавени и фотографии.