Дома Фудбал Дали Чешка е тешко оштетена? Погледнете ја ситуацијата пред голот на Португалија во 92. минута

Дали Чешка е тешко оштетена? Погледнете ја ситуацијата пред голот на Португалија во 92. минута

Португалија оствари драматична победа од 2:1 над Чешка во последниот натпревар од првото коло на Европското првенство.

Чесите водеа од 62. минута, но седум минути подоцна Робин Хранач си постигна автогол и ја врати Португалија во игра, а Франциско Консеисао им ги донесе трите бода на избраниците на Роберто Мартинез во 92. минута.


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Пред победничкиот гол на Португалија, Чешка тргна во напад. Антонин Барак ја испрати топката во просторот за Давид Дудера.

Но, чешкиот играч се судри со Нуна Мендеш, португалскиот дефанзивец и го спречи да тргне по топката. Во следниот напад Португалија постигна гол кој се покажа како победнички.

Nélson Semedo takes out Doudera, no foul given, Portugal score the winning goal
byu/50lipa insoccer

На социјалните мрежи масовно се коментира дека Португалија победи на нефер начин бидејќи Мендеш направи прекршок пред голот. ВАР не се вклучи бидејќи спорната ситуација беше во акцијата која претходеше на акцијата за гол. Дали мислите дека судијата направи грешка?

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барса го прегази Баерн, Атлетико шокиран во Мадрид🎥

Дербито на вечерта во Лигата на шампиони се играше во Барселона, каде каталонскиот гигант …