Дома Топ вести Дали ПСЖ случајно ги потврди сомнежите дека Верати го напушта клубот?! (Фото)

Дали ПСЖ случајно ги потврди сомнежите дека Верати го напушта клубот?! (Фото)

Италијанскиот репрезентативец, Марко Верати денес не се појави на првиот тренинг на ПСЖ пред почетокот на новата сезона.

ПСЖ денес ги стартуваше подготовките за новата сезона, а таму не се појави Марко Верати иако од францускиот клуб тврдеа дека Италијанецот ќе биде присутен. Овој потег на Верати само ги потврди гласините дека тој сака да ја напушти екипата и да премине во редовите на Барселона.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Иако ПСЖ не сака на било кој начин да ја потврди оваа инфомација, тоа го направија сосема случајно изгледа. Имено, денес францускиот состав постави нова насловна фотографија на својата официјална страна, а од Верати ниту трага ниту глас. Можеби токму ова е потврдата дека од следната сезона Италијанецот ќе игра на „Камп Ноу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Штета: Милер постигна убав гол уште на дебито за новиот клуб, но беше поништен (Видео)

Легендарниот германски фудбалер Томас Милер го имаше своето деби синоќа за новиот тим Ванк…