Немања Матиќ беше единствен на натпреварот помеѓу Бурнемоут и Манчестер Јунајтед (1:2) кој на градите на дресот немаше цвет со кој традиционално во Англија се оддава почит на англиските војници од Првата светска војна.
На дресот на Матиќ јасно може да се забележи дека цветот бил на дресот, но подоцна е отстранет.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Англиските навивачи веднаш кренаа прашина, како и медиумите на Островот и се појавија првите информации зошто Матиќ не го носел цветот на дресот.
Матиќ само кратко порача дека тоа е поради приватни причини, додека од Јунајтед не сакаа да се мешаат во индивидуалните одлуки на играчите. На Остреовот тврдат дека една од причината би можело да биде НАТО бомбардирањето на Србија во 1999 година, во кое учествуваа и англиските војници.
Збунувачки е само што Матиќ во минатите години го носеше ова обележје.
Како и да е фудбалерите не се обврзани да го носат таквиот симбол, па поради тоа Србинот и нема да добие казна.