Дома Останати Дали имаше измама: WBO ќе ја „чешла“ борбата помеѓу Пакјао и Хорн

Дали имаше измама: WBO ќе ја „чешла“ борбата помеѓу Пакјао и Хорн

Борбата за титулата во верзијата на WBO, во велтер категорија помеѓу легендарниот Мани Пакјао и Австралиецот Џеф Хорн, ќе биде повторно прегледан и анализиран, но до промена на одлуката може да дојде само доколку се утврди дека станува збор за измама.

Како што соопшти ВБО, контроверзната борба, во која Хорн победи со едногласна одлука на судиите, ќе биде повторно прегледана и анализирана, поради големиот притисок од страна на јавноста, но и поради формалниот приговор што го вложи Филипинскиот одбор за спорт и забава (GAB).


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Би бил среќен доколку GAB приложи докази дека станува збор за измама и дека е прекршен законот“, рекол претседателот на WBO, Франциско Валкарел.

Тројца судии донесоа одлука со која Хорн на поени го победи легендарниот Филипинец, а за исправноста на нивната одлука ќе одлучува петчлениот совет на WBO.

Валкарел меѓутоа нагласил дека тројцата судии се „чесни и професионални“ и верува дека правилно му ја доделиле победата на Хорн.

Џеф Хорн најави дека ќе прифати реванш, доколку Пакјао тоа го побара. Филипинецот според договорот може да побара реванш, што значи дека наскоро може да има нова борба помеѓу двајцата боксери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

„Бомба“: Серхио Рамос во Премиер лигата

Легендарниот дефанзивец Серхио Рамос би можел кариерата да ја продолжи во Премиер лигата. …