Дома Фудбал Англија Дали играчот на Лестер е заслужен за промашениот пенал на Салах? 🎥

Дали играчот на Лестер е заслужен за промашениот пенал на Салах? 🎥

Лестер со 1:0 го победи Ливерпул, а трагичар на „црвените“ беше Мохамед Саллах, кој промаши пенал во 15-та минута.

Ова за Салах беше прв промашен пенал после четири години, од октомври 2017 година, а како една од причините за тоа зошто Египќанецот го промаши пеналот се посочува Џејмс Мадисон.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Играчот на Лестер нешто му дофрли на Салах, и тоа непосредно пред голгетерот на Ливерпул да го шутира пеналот.

Иако јасно се гледа дека Мадисон се обидува да го деконцентрира Салах, тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, воопшто не верува дека неговиот играч бил деконцентриран.

„Мадисон сигурно нешто му кажа на Салах. Сепак, тоа не е проблем. Не може да го дефокусира Салах. Едноставно се случува и да се промаши пенал“, рече Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Девојче кое собира топчиња се онесвести покрај теренот, реакцијата на тенисерката го обиколи светот (Видео)

Непријатен момент го прекина мечот на Австралија Опен и ја загрижи целата публика. Првиот …