Дома Фудбал Англија Дали е ова јасен знак дека Санчез заминува од Арсенал!?

Дали е ова јасен знак дека Санчез заминува од Арсенал!?

Фудбалерите на Арсенал, без најголемата ѕвезда Алексис Санчез, отпатуваа на 14-дневна турнеја во Астралија и Кина, објави лондонскиот клуб на својата интернет страница.

Покрај Чилеанецот, турнејата по Австралија и Кина ќе ја пропушти и германскиот репрезентативец Шкодран Мустафи. Овие двајца од клубот добиле продолжен одмор поради настапот на Купот на Конфедерации.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Овие двајца фудбалери добија одмор поради настапот на Купот на кофедерации, но медиумите го толкуваат и како знак дека Санчез ќе го напушти клубот.

Екипата на Арсен Венгер на турнејата ќе гостува во Сиднеј, Шангај и Пекинг и ќе одигра четири пријателски натпревари.

Арсенал на 13.јули ќе игра против Сиднеј, два дена подоцна ги очекува дуел со Сиднеј Вондерерс, на 19.јули ќе играат со минхенски Баерн, а турнејата ќе ја завршат на 22.јули против Челзи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Де Брујне нема да ја носи легендарната „десетка“ на Марадона

Белгискиот ас Кевин Де Брујне и официјално е едно од најголемите засилувања на Наполи во п…