Претседателот на турскиот второлигаш Алтинорду, Мехмет Сејит Озкан даде интересна изјава за медиумите и веднаш стана хит во целиот свет.
Имено, тој тврди дека ѕвездата на Барселона, Лионел Меси дури и без пари да сака да игра за неговиот клуб тој ќе го одбие.
Луд викенд: "Ел Класико" во Шпанија и супер дербија во Англија и Италија! ↓↓↓
„Дури и Меси да сака без пари да игра за Алтинорду дефинитивно ќе го одбиеме. Верувам во турските играчи, ќе им дадам шанса на нив. Нашата цел е да играме во првата лига и да се натпреваруваме во европските купови во 2023 година кога ни е 100 годишнина од клубот“, истакна Мехмет Сејит Озкан.
Овој скоро анонимен турски клуб во своите редови има само млади фудбалери од академијата, и во моментов немаат ниту еден играч во екипата над 21 година.