Дома Трансфер зона Дали е можно Ибрахимовиќ навистина да заврши во Монца!?

Дали е можно Ибрахимовиќ навистина да заврши во Монца!?

Златан Ибрахимовиќ се уште не пронашол нов ангажман.

Имено, Ибрахимовиќ се поврзува со повеќе клубови, а изгледа дека постои можност за еден навистина чуден трансфер. Неодамна Силвио Берлускони јавно го повика Ибрахимовиќ во неговата Монца која се натпреварува во третата лига во Италија. Овој трансфер навистина не изгледа реално, но сега и тренерот на Монца, Кристијан Броки потврди дека разговори имало.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


„Точно е дека Берлускони и Галијани разговараа за доведување на Ибра. Имаше сериозни теми, но не знам ништо повеќе“, изјави Бројки, кој исто така е поранешен играч на Милан.

Во овој момент најреално изгледа Ибрахимовиќ да се врати во Милан, иако во последните денови се појави и можност поради Карло Анчелоти да го избере Евертон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…