Дома Македонски спорт Мак баскет Давитков: Одигравме одлична одбрана!

Давитков: Одигравме одлична одбрана!

Македонската кошаркска репрезентација со победа во Словачка (66:74) ги започна претквалификациите за пласман на Европското првенство во 2021 година.

„Изигравме добар натпревар. Во секој случај, особено во првите три четвртини игравме одлично. Играчите го испочитуваа се она за кое се договоривме пред натпреварот. Игравме одлична одбрана на Кјурик, успеавме да го отсечеме комплетно. Во последната четвртина малку ни опадна концентрацијата, тие погодија некои нелогични тројки. И покрај тоа, ние цело време имавме контрола над резултатот. Секако дека сум задоволен од играта и од победата, со мислите одиме понатаму, за три дена против Швајцарија во Скопје“, изјави селекторот Давитков.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Македонија до победата ја предводеа Ричард Хендрикс, кој блескаше со 21 поени, 14 скока, 4 украдени топки и 2 блокади, односно капитенот Војдан Стојановски со 20 поени и 6 асистенции

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Вардар го совлада Охрид за „три од три“ во плејофот на Суперлигата

Ракометарите на Вардар забележаа значајна победа против тимот на Охрид во рамките на плејо…