Дома Трансфер зона Гризман можеби нема да ја засили Барселона

Гризман можеби нема да ја засили Барселона

Антоан Гризман после пет години одлучи да го напушти Атлетико Мадрид.

Клубот синоќа ја потврди одлуката на францускиот фудбалер кој се опрости од навивачите со видео порака на Твитер, а шпанските медиуми тврдат дека напаѓачот ќе потпиша договор со Барселона.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Меѓутоа, угледниот француски Л’екип тврди дека Гризман може на крајот да заврши во редовите на ПСЖ.

Раководството на францускиот првак во текот на минатата недела имале преговори со фудбалерот. Спремни се да ги платат бараните 120 милиони и да го донесат Гризман во своите редови.

Ќе биде секако интересно да се види што ќе одлучи на крајот Французинот. Во некои медиуми неговото име се поврзува и со Ливерпул, но извесно е дека 27-годишниот офанзивец кариерата ќе ја продолжи во Барселона или ПСЖ.

Гризман е член на Атлетико од 2014 година. Стигна од Реал Сосиедат за 30 милиони евра и сигурно ќе остане запаметен во мадридскиот клуб.

Претходните пет години играше фантастично. Одигра вкупно 256 натпревари и постигна 133 погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Што се чека: Зошто трансферот на Шчесни се уште не е официјализиран?

Војчех Шчесни и понатаму чека официјализирање на трансферот во Барселона. Како што пренесу…