Во натпреварот од 18. коло во Ла Лига Барселона како гостин ја победи Гранада со 4:0.
Барселона оваа сезона често правеше киксови, но во Гранада беше на своето ниво и на крајот оствари висока победа со 4:0.
Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Стрелци на головите беа Гризман (12 и 63 минута) и Меси (35 и 42 минута).
Со оваа победа Барселона дефинитивно се враќа во игра за титулата, бидејќи сега е трета на табелата со 34 бода, додека водечкиот Атлетико има 38. бода, кој има три натпревари помалку од Каталонците.
Инаку, Меси со вечерашните два погодоци го престигна Морена и сега со 11 погодоци е прв стрелец во Ла Лига.