Дома Трансфер зона Гризман имал приватен разговор со Симеоне – решена ли е неговата иднина?

Гризман имал приватен разговор со Симеоне – решена ли е неговата иднина?

Како што се наближува крајот на сезоната и почетокот на летниот преоден рок така се повеќе се пишува за потенцијалните трансфери на фудбалските ѕвезди.

До почетокот на летниот преоден рок остануваат нешто повеќе од три месеци, а вчера каталонските и француските медиуми започнаа да пишуваат за преселба на Антоан Гризман од Атлетико Мадрид во Барселона, оваа вест „Мундо Депортиво“ ја стави и на својата на насловна страна.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Меѓутоа одново се покажа дека гласините не значат многу. Гризман претходно изјави дека е уморен од неговото поврзување со Барселона, а „АС“ сега пишува дека Французинот имал приватен разговор со Диего Симеоне на кого му ветил дека нема намера ова лето да ја менува средината.

Гризман во својот договор има откупна клазула од 200 милиони евра, но во јули таа ќе падне на 120 милиони евра. Со самото тоа јасно е дека интересот на европските гиганти кои се во потрага по засилување на напаѓач ќе се зголеми. Таа клазула во договорот е ставена за клубот да му покаже дека нема да му прави проблеми ако сака да замине.

Атлетико не сака играчи кои не се во целост посветени на клупскиот успех и кои сметаат дека некаде на друго место би биле посреќни. Но, ако Гризман е искрен во желбата за останување, ниту за Барселона, ниту за било кој друг клуб тоа нема да се промени. Во спротивно Атлетико би бил принуден да ги прифати тие 120 милиони евра.

Меѓутоа ако оваа вест на „АС“ е точна тогаш во Атлетико немаат причини за грижа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Слот пронајде наследник на Салах во Серија А: Ливерпул плаќа 85 милиони евра?

Како што стојат работите Ливерпул направи одличен потег со доведувањето на Арне Слот на кл…