Дома Фудбал Англија Гризман игра „Фудбал Менаџер“ и му оди одлично – тренер во Премиер лигата

Гризман игра „Фудбал Менаџер“ и му оди одлично – тренер во Премиер лигата

Познато е дека фудбалерите сакаат да ја играат познатата игра „Football Manager“, чие најново издание излезе пред нешто повеќе од еден месец.

Еден од фановите на „ФМ 24“ е голгетерот на Атлетико Мадрид и француски репрезентативец Антоан Гризман.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тој за „ESPN“ откри дека моментално го води Блекбурн како виртуелен менаџер и дека му оди многу добро. Гризман во овој момент бил тренер на Блекбурн со кој успеал да дојде до Премиер лигата и тие моментално се шести на табелата.

Напаѓачот се пофали дека раководството на англискиот клуб е задоволно од неговата работа и му нуди нов договор. Фудбалерот кој го довел пред новата сезона бил младиот шкотски десен бек на Ливерпул, Келвин Ремзи, кој моментално е на позајмица во Престон.

Сигурно дека во Блекбурн не би имале ништо против Гризман да ги засили во реалноста, но наместо менаџерска позиција би значел многу повеќе на теренот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…