Манчестер Јунајтед ова лето на големо се поврзуваше со напаѓачот на „јорганџиите“, Антоан Гризман, но англиските медиуми сега пренесуваат дека Јунајтед договорил друга ѕвезда на тимот од Мадрид.
Доколку може да им се верува на медиумите на Островот, Саул Нигез наредното лето за сума од 130 милиони евра преминува во Манчестер Јунајтед.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Како што веќе кажавме, додека сите светски медиуми го поврзуваа Гризман со трансфер во Јунајтед во секој преоден рок, изгледа дека „црвените ѓаволи“, во тајност договарале друга голема зделка.
Иначе, Нигез во првите четири натпревари во Примера во новата сезона сеуште не успеал да се запише во листата на стрелци, но затоа еднаш асистираше.