Водечкиот тим во Премиер лигата, Манчестер Сити како што се наведува веќе го договори својот прв трансфер во зимскиот преоден рок.
Како што наведуваат англиските медиуми, новиот член на „Граѓаните“ ќе стане холанскиот репрезентативец, Патрик ван Анхолт, актуелниот фудбалер на Саутепмтон.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола најави дека ќе бара дефанзивно засилување во јануари. Особено тоа се однесува на левата бековска позиција каде остана без 52 милиони фунти платениот Бенџамин Менди поради тешка повреда на коленото.
Ван Анхолт би требало да биде решението за таа позиција. Се очекува наскоро да стигне понудата за 27-годишниот фудбалер вредна 12 милиони фунти.
Холандскиот фудбалер уште како тинејџер пристигна во Англија. Носеше дрес на младинските селекции на Челзи, а играше и во уште неколку екипи како играч на позајмица.
Член на Палас стана во јануари оваа година, а платен е кај Сандрленд близу 10 милиони фунти.