Дома Трансфер зона Го сака половина Европа, се сели во Вест Хем за 60 милиони

Го сака половина Европа, се сели во Вест Хем за 60 милиони

Напаѓачот на Бенфика, Дарвин Нуњес ја воодушеви фудбалската јавност и е на мета на многу европски гиганти.

22-годишниот уругвајски репрезентативец игра одлично, па Бенфика не сакаше да го пушти на средина од сезоната иако пристигна богата понуда од Вест Хем.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Имено, „чеканите“ испратиле понуда од 50 милиони евра, но Бенфика ја одбила понудата. Сепак, Вест Хем не се откажува и сака уште сега да го договори трансферот за на лето.

Нуњес е еден од најбараните напаѓачи во Европа, па Вест Хем сака да ја победи конкуренцијата. „Чеканите“ ги продолжија преговорите и се спремни да платат 60 милиони евра со вклучени бонуси.

Бенфика не сакаше да го пушти во јануари, бидејќи Уругваецот оваа сезоан постигна 20 гола на 25 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…