Дома Фудбал Италија Го заборавивте Џампаоло Пацини? – Се уште игра и вчера постигна хет-трик! (ВИДЕО)

Го заборавивте Џампаоло Пацини? – Се уште игра и вчера постигна хет-трик! (ВИДЕО)

pazini

Џампаоло Пацини не е присутен на најголемата фудбалска сцена откако во 2015 година како слободен играч го напушти Милан.

Искусниот италијански напаѓач летото 2015 година пристигна во Верона и од тогаш ги брани боите на овој клуб, со исклучок на минатата полусезона кога беше на позајмица во Леванте.

Ова лето се врати во Верона, а во вчерашниот натпревар успеа да постигне хет-трик.

34 годишниот Италијанец ја одведе Верона до убедлива победа над Цитадела во 18-тото коло во италијанската Серија Б.

Првиот гол Пацини го постигна во 10-тата минута, за со вториот во 32-та да го постави резултатот со кој се замина на полувремето (2:0). Одличниот настап Пацини го круниса со голот од пенал во 82-та минута, додека конечните 4:0 ги постави Тупта во финишот.

Ќе потсетиме, Џампаоло Пацини професионалната кариера ја започна во Аталанта за потоа да ги носи дресовите на Фиорентина, Сампдорија, Интер, Милан, Верона и Леванте. За репрезентацијата на Италија запиша 25 настапи и постигна четири погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Гвардиола добива 225 милиони за засилувања

Пеп Гвардиола на крајот на сезоната ќе добие голем буџет за трансфери, а целта е да го зас…