Фудбалскиот клуб Верона го назначи Паоло Занети за нов шеф на стручниот штаб, официјално потврди членот на италијанската Серија А.
Занети го наследи Марко Барони кој пред неколу дена беше промовиран во Лацио.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Договорот меѓу Верона и 41-годишниот Занети беше потпишан на една година, со можност за продолжување на истиот период.
Занети во својата тренерска кариера беше тренер на Судитирол, Асколи, Венеција и Емполи.
Верона минатата сезона заврши на 13. место во Серија А и во наредната повторно нивна главна цел ќе биде опстанокот.
Benvenuto a Verona e buon lavoro, mister #Zanetti 💪🟡🔵#HVFC https://t.co/GZo6SyRMss
— Hellas Verona FC (@HellasVeronaFC) June 13, 2024