Дома Фудбал Англија Готово: Челзи го ослободи, Сари се сели во Јувентус

Готово: Челзи го ослободи, Сари се сели во Јувентус

Еден ден после финалето во Лига Европа се одржа состанок помеѓу агентите на Маурицио Сари и Челзи, а италијанските медиуми потврдија дека била договорено спогодбено раскинување на договорот.

Веста доаѓа од трансфер гуруто Алфредо Педула, кој е многу близок до Сари и даваше најточни информации кога менторот се раздели од Наполи за да го преземе Челзи.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Тој објави дека агентот Фали Рамадани имал долг состанок со директорите на Челзи во Лондон, кои се согласиле да го ослободат Сари и спогодбено да го раскинат договорот.

„Состанокот е завршен. Фали Рамадани го напушти Лондон. Преговорите беа позитивни. Челси се согласи да го пушти Сари во Јувентус и така го одржа ветувањето дадено пред мечот во Баку. Рамадани испратил позитивни сигнали до Јуве“, пишува Педула.

Сари веќе има постигнато договор со Јувентус и во наредните денови се очекува да пристигне во Торино на официјална промоција.

Од друга страна Педула тврди дека нов менаџер на Челзи ќе биде клупската легенда Френк Лампард, а како алтернатива се споменува Еспирито Санто.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Јувентус бара спортски директор, едно име се истакнува

По завршувањето на трансферниот период, кој беше многу добар за Јувентус, во Торино работа…