Како што пренесуваат чиленските медиуми Алексис Санчез го избрал својот нов клуб. Имено, тој се договорил со Манчестер Сити, а главна улога во трансферот имал Пеп Гвардиола.
Санчез одби да го продолжи договорот со Арсенал, кој ќе биде примиран да ја прифати понудата на „граѓаните“ која изнесува 60 милиони евра.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Сити е спремен да му понуди на Чилеанецот 250.000 фунти неделна плата, исто толку му понудил и ПСЖ, но Санчез избра да се пресели на „Етихад“.
Доколку се реализира овој трансфер тоа ќе биде само продолжение на низата ѕвезди кои од Арсенал се преселија во Сити после Коло Туре, Адебајор, Насри, Клиши и Сања.
Чилеанските медиуми секогаш први ги најавуваат трансферите на своите фудбалери, ист беше случајот и со Артуро Видал кога се пресели во Баерн Минхен.