Дефанзивецот го напушта Реал и се преселува во нова дестинација.
Како што пренесуваат европските медиуми, дефанзивецот на Реал Мадрид, Пепе е блиску до потпишување на договоор со нов клуб. Тој ќе го напушти „Бернабеу“, а како слободен играч ќе ги засили редовите на ПСЖ.
Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓
Реал одлучи да не му понуди продолжување на договорот, сакаат да ја помладат екипата, а неговото место во тимот ќе го завземе младиот Шпанец, Хесус Валехо.
Пепе ќе се пресли во Париз, а клучниот збор во договорот на двете страни го имаше спортскиот директор на ПСЖ, Антеро Енрике, кој Пепе своевремено го доведе и во Порто, а подоцна го продаде во Реал Мадрид.
Тој со „Светците“ ќе потпише едногодишен договор, со оцпија продолжување на договоро на уште една година. Трансферот ќе биде реализиран по враќањето на Пепе од Купот на Конфедерациите, каде што во полуфиналето, селекцијата на Португалија беше поразена од Чиле по лоштото изведување на пеналите.