Дома Трансфер зона ГОТОВО: Капитенот го напушти Челзи, новиот клуб е вистинско изненадување

ГОТОВО: Капитенот го напушти Челзи, новиот клуб е вистинско изненадување

Капитенот на Челзи, Цезар Аспиликуета ќе отпатува во Италија како слободен играч, каде се очекува да потпише двегодишен договор.

24 часа откако се појавија шпекулацијата, легендарниот дефанзивец на Челзи наводно веќе ги договорил условите за двегодишен договор и истовремено постигнал договор со Челзи за раскинување на актуелниот договор.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Очигледно, Челзи не сакаше да му застане на патот на еден од најодликуваните играчи во клубот, кој има над 500 настапи и дури девет трофеи во својата витрина.

Тој освои апсолутно сè – Премиер лига (2), Лига на шампиони, Светско клупско првенство на ФИФА, Суперкуп на УЕФА, Лига Европа (2), ФА Куп, Лига куп…

33-годишниот Шпанец во Челзи пристигна во 2012 година од Марсеј, и беше еден од најстандардните играчи на лондонскиот тим.

На крајот се договори со Интер и ќе биде едно од неколкуте засилувања за овогодинешниот финалист во Лигата на шампионите. Претходно беше договорен и трансферот на напаѓачот на Борусија Менхенгладбах, Маркус Турам.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Распад систем во Бајер Леверкузен: уште една ѕвезда премина во Борнмут

Амин Ајли (25), репрезентативец на Мароко и поранешен играч на Баер Леверкузен, е нов член…