Дома Топ вести Готово: Дортмунд најде замена за Обамејанг – пристигнува Батшуаи

Готово: Дортмунд најде замена за Обамејанг – пристигнува Батшуаи

Пјер Емерик Обамејанг наскоро и официјално ќе стане нов играч на Арсенал, а германските медиуми пренесуваат дека „милионерите“ веќе ја нашле замената за Габонецот.

Еминентниот „Билд“ пренесува дека тоа ќе биде напаѓачот на Челзи, Мичу Батшуаи кој ќе пристигне на позајмица до крајот на сезоната. Се очекува двата трансфери да бидат официјализирани во текот на денот.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Другите две варијанти за нов напаѓач на Борусија Дортмунд се Олвие Жиру од Арсенал и екс напаѓачот на Келн, Антони Модест кој моментално игра во Кина.

Сепак, Батшуаи е најблиску до Дортмунд во овој момент, а во договорот ќе има клаузула со која „милиоенерите“ ќе можат да го откупат на крајот на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…