Премии пристигна и во Хајдук по победата во дербито на „Максимир“.
Сепак, не од управата на клубот, туку од – Џенар Гатузo.
Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
Легендарниот италијански фудбалер вчера по победата истакна дека „заработил доволно за да не мора повеќе да работи“, а тоа го докажа почестувајќи ги своите играчи и стручниот штаб.
Имено, тој по мечот со Динамо купил телефон за секој од своите играчи и членови на стручниот штаб. Станува збор за најновиот модел, iPhone 16, а Гатузо купил меѓу 30-35 телефони, пренесува „24sata.hr“. На подароците Италијанецот потрошил околу 40.000 евра.