Дома Фудбал Останато Голманот на Челзи доби неверојатен пречек во Сенегал

Голманот на Челзи доби неверојатен пречек во Сенегал

Сенегалскиот голман Едуард Менди пред седум години не ни сонуваше дека некогаш во кариерата може да ја освои Лигата на шампионите.

Менди пред седум години го напушти францускиот нисколигаш АС Чербург и една година беше без клуб. Тешко му одеше пронаоѓањето на нов ангажман, дури размислувал и да се откаже од фудбалот, за среќа не го направил тоа.

ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*


Шансата која му го променила животот стигнала во 2015 година од резервниот тим на Марсеј, една година подоцна преминал во Ремс и тогаш започнал добриот период во неговата кариера.

Преку Ремс и Рен започна неговиот голем успех. Минатата година пристигна во Челзи за 24 милиони евра и се покажа како вистинско засилување за клубот од „Стенфорд Бриџ“.

Сега тој е голема ѕвезда, а тоа може да се види и од пречекот кој му беше приреден во неговиот Сенегал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Грем Потер не се прослави: Доби отказ и во Вест Хем!

Англискиот стручњак претрпе катастрофални резултати од почетокот на сезоната. Вест Хем го …