Дома Фудбал Англија Голманот на Вотфорд оваа сезона е поопасен пред голот од Лингард

Голманот на Вотфорд оваа сезона е поопасен пред голот од Лингард

Манчестер Јунајтед оваа сезона не игра на потребното ниво, а одредени фудбалери целосно потфрлија.

Како игра Манчестер Јунајтед покажува и статистиката на одредени фудбалери на овој тим, а еден од нив е Џеси Лингард.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Имено, според статистиката на Англичаните голманот на Вотфорд Бен Фостер има повеќе удари во рамките од голот од Лингард.

Фостер шутираше со глава во последната минута против Челзи, но Кепа го одбрани неговиот удар и така донесе победа за „сините“.

Лингард од друга страна оваа сезона се уште не упатил удар во рамките од голот.

Можеби ова е најдобар показател за немоќта на Манчестер Јунајтед, пред се од играчите во офанзивниот дел на тимот. Дефинитивно потегот за продажба на Лукаку се покажа како погрешен, посебно ако се знае дека Лукаку во последните два месеци постигна осум гола, а цел тим на Манчестер Јунајтед седум.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Бизарно: На хрватски клуб му ја украдоа косилката – немаме пари за нова!

Фудбалскиот клуб Градиќи, учесник во 4. НЛ Средиште, остана без трактор-косилка, која е не…