Дома Македонски спорт Голем јубилеј: 30 години од првиот натпревар на македонската фудбалска репрезентација

Голем јубилеј: 30 години од првиот натпревар на македонската фудбалска репрезентација

Денес македонскиот фудбал слави голем јубилеј – 30 години од првиот меѓународен натпревар!

Првиот натпревар Македонија го одигра две години по независноста, на 13 октовмри 1993 година во Крањ против Словенија и тоа беше фантастичен почеток со оглед на тоа дека славевме победа од 1:4.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


На тој натпревар за Македонија настапија: Зоран Мицевски, Кире Грозданов, Зоран Јовановски, Драги Канатларовски, Чедомир Јаневски, Илија Најдоски, Зоран Бошковски, Љупочо Марковски, Дарко Панчев, Бобан Бабунски, Тони Мицевски – тоа беше стартниот тим, а од клупата шанса добија: Неџмедин Мемеди, Горан Георгивски, Ванчо Мицевски и Сашо Милошевски.

Од клупата беа предводени од Андон Дончевски.

Македонија отвори многу брзо, во третата минута преку Бошковски, потоа најпознатиот во тимот Дарко Панчев зголеми на 0:2, Јаневски погоди за 1:3, а конечните 1:4 ги постави Драган Канатларовски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Дамфрис во Интер до 2028 година

Холандскиот репрезентативец Дензел Дамфрис го продолжи договорот со Интер до јуни 2028 год…