Како што пишува „Sky Sports“, управата на Сити сака да го награди Силва со нов договор, поради неговите добри натпревари во последно време.
Тој во 28 првенствени натпревари постигна пет гола и запиша седум асистенции. Силва во 2017. година пристигна во Сити од Монако, а стана стартер од декември, во сезоната во која Сити со рекорд ја освои шампионската титула. Истиот извор пренесе дека преговорите се блиску до крајот и дека 24-годишниот фудбалер ќе има неделна плата од 200,000 фунти. Договорот ќе трае до крајот на сезоната 2024/25.
Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Силва претходно освои титули во Португалија со Бенфика и во Франција со Монако.