Дома Останати Кошарка НБА Големи пофалби за Дончиќ: Може да биде како Џордан, Леброн, Коби…

Големи пофалби за Дончиќ: Може да биде како Џордан, Леброн, Коби…

Лука Дончиќ полека но сигурно прераснува во голема НБА ѕвезда, за многумина веќе и е тоа.

Дончиќ е прва „виолина“ на Далас Маверикс и добива пофалби од сите страни. Тренерот на Далас, Рик Касли за својот играч има само пофални зборови и го спореди со најдобрите кошаркари во историјата.

„Лука може да биде како Џордан, Леброн, Коби, Лери Бирд…Таквите играчи имаат неверојатен фокус и тешко е некој да ги разбере. Сфатив дека како што натпреварот одминува нивниот фокус да направат нешто станува поголем. Не е важно дали станува збор за асистенција или шут. Лука е посебен играч, најфокусиран е кога е најпотребно“, изјави Карлси.

Во последниот натпревар на Далас против Бостон Дончиќ постигна 31 поен, додаде и уште 10 скоквои и осум асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Joкиќ маестрално асистира и без гледање 🎥

Српскиот кошаркар, Никола Јокиќ продолжува да игра во врвна форма и според многумина е гла…