Дома Трансфер зона Големата ѕвезда на распродажба – гигантите се тепаат за него!

Големата ѕвезда на распродажба – гигантите се тепаат за него!

Нема сомнеж, со клаузула од 100 милиони евра, ако ја имате во предвид цената од минатото лето, Антоан Гризман е на продажба.

Тој ја зголеми двојно клаузулата, само за ова лето, така што потпиша нов договор со Атлетико, но од следното лето ќе вреди исто, 100 милиони евра. Диего Коста е доведен како замена, па четири клуба ќе ја платат клаузулата, односно се подготвени да ги платат парите на Атлетико, а на играчот останува да избере.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Минатото лето беше најблиску до Манчестер Јунајтед, тој трансфер ќе беше одработен Атлетико да не ја имаше суспензијата во трансфер периодот, па Французинот одлучи да остане и да помогне, не беше морално да ги остави на цедило. Но, сега во трката се уште три клуба, Барселона која и понатаму ја бара замената за Нејмар, но и фудбалерот кој ќе го наследи Суарез, потоа Реал, кој од Гризман би ја започнал реконструкцијата на тимот, како и Сити, кој би го додал Гризман со Агуеро и Хесус. Јасно, тука останува и Јунајтед, а на Гризман е одлуката.

Парите не се првиот мотив за овој фудбалер, јасно, секоја страна има свои адути, но Гризман може да добие повеќе од 15 милиони евра по сезона, можеби и дури 20. Во Реал тоа е невозможно, бидејќи ја наруши платната структурата, што се однесува на Барселона тие имаат проблеми со платите кои ќе го влошат новиот договор на Меси.

Англиските клубови немаат проблеми, но, прашањето е што ќе одлучи Гризман. Реал е подготвен да го стори истото што и во случајот на Тео Ернандез, да им плати на соседите повеќе од клаузулата, како знак за добра волја и да ја добие оваа трка.

Не паметиме ваков расплет за еден фудбалер, но сепак, толку е ефтин, со оглед на квалитетот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Си замина од Интер поради ПСЖ, а сега не е среќен и може да се врати во Серија А?

Поранешниот капитен на Интер, Милан Шкрињар, не сакаше да го продолжи договорот со нероазу…