Диего Годин минатото лето како слободен играч пристигна во Интер после долгиот период поминат во Атлетико Мадрид.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во Интер искусниот дефанзивец ќе соработува со Антонио Конте, а на стартот во Италија им оди одлично.
Годин сега зборуваше за Конте.
„Конте и Симеоне се две посебни личности. Интер се гради околу Конте, то је главна фигура и главен дел од сложувалката. Меѓутоа тука повеќе гледаме снимки од противникот и тактичката работа на теренот, сега е поинаку…Конте од мене бара да играм повеќе напред, бара да започнувам акции“, порача Годин.
Искусниот Уругваец откри и од кој фудбалер е најмногу изненаден.
„Стефано Сенси дефинитивно. Искрено, не знаев кој е. Многу ме изненади. Има огромен квалитет и многу добро знае да го користи своето тело иако е ситен“, истакна стоперот на Атлетико Мадрид.