Дома Трансфер зона Годин веќе го напушта Интер, нова дестинација Премиер лигата?

Годин веќе го напушта Интер, нова дестинација Премиер лигата?

Одбранбениот фудбалер на Интер, Диего Годин после само една година во Милано би можел да ги напушти „Нероаѕурите“.

Порталот „Фудбал Италија“ пренесува дека за 34 годишниот Уругваец интерес покажале Манчестер Јунајтед и Тотенхем.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Искусниот дефанзивец пред доаѓањето во Интер го носеше дресот на Атлетико Мадрид и во 2014 година ја освои Ла Лига со „јорганџиите“. Претходно настапуваше за Виљареал, Национал и Сера.

Уругваецот има договор со Интер до 30. јуни 2022, а „Трансфермаркт“ ја проценува неговата вредност на осум милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…